Австриските антиваксери повикуваат на „ковид забава“ за новогодишната ноќ

Од:

Противниците на епидемиолошките мерки во Австрија ги канат граѓаните на „протестна забава“ на новогодишната ноќ.

Бидејќи сегашните епидемиолошки мерки ја спречуваат ковид забавата, поради тоа што работното време на угостителските објекти е ограничено до 22 часот, противниците на мерките преку социјалната мрежа Телеграм повикуваат на собири на 31 декември.

Граѓаните се повикуваат преку Телеграм да пријават што повеќе протести за 31 декември, за да можат да ја дочекаат Новата година на улица.

Инаку, следниот голем протест против анти ковид мерките е најавен за 8 јануари, кога се очекува Австријците да се вратат од зимскиот одмор.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски