Донесени измените на Законот за Собранието

Од:

Собранието попладнево во рамки на продолжението на 59-та седница го донесе Предлог-законот за изменување на Законот за Собранието на Република Северна Македонија, по скратена постапка, во второ и трето читање. Законот беше поднесен од Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Горан Мисовски, Никола Мицевски и Панчо Минов.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека овој закон се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Со подигнување зелен картон или „за“ гласаа 78 пратеници, еден пратеник гласаше „воздржано“, а ниту не беше „против“. Вкупно 25 пратениции кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава гласаа „за“, немаше воздржани и немаше ниту еден „против“.

Со предложените решенија во Законот треба да се постигне делумна административна самостојност на Службата на Собранието што ќе се изрази преку воспоставување на интерни постапки за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Годишниот план за вработување на кој согласност ќе дава Буџетскиот совет на Собранието и поединечните финасиски согласности за нови вработувања за кои согласност ќе дава претседателот на Собранието.

Џафери информира дека пратениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта Билали – Зендели и Лидија Тасевска го повлекле Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, со што констаираше дека е исцрпен дневниот ред и дека 59-та седница е завршена.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите