Се намалуваат депозитите на косовските емигранти

Од:

Депозитите на емигрантите во косовската економија продолжува да бидат значаен извор за развој и социјална благосостојба. Тие во просек годишно испраќаат дома вкупно 500 милиони евра.

Но, во првиот квартл од годинава емигрантите пратиле шест милиони помалку, споредено со истиот период лани.

– Врз основа на нашите оценки во првиот квартл од годинава во Косово влегле 120 милиони евра, пари од емигрантите, додека во истот период лани 126 милиони, што значи помалку за шест милиони евра, изјави Бедри Зимери од Централна банка на Косово.

Според него врз тоа главно влијание има економската криза која погодила дел од косовските емигранти. Најголем дел од депозитите се на оние кои живеат и работат во Германија и во Швајцарија или 60 отсто од вкупната сума.

– Овие две земји во моментот не се погодени од кризата и затоа не се очекува Косово да биде погодено како Албанија, каде депозитите на емигрантите се многу повеќе намалени, тврди директорот на Институот ГАП, Агрон Деми.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина