Православен свештеник осуден на 21 година затвор за силување деца

Од:

Рускиот суд осуди на 21 година затвор поранешен православен свештеник, за кој се тврди дека посвоил 70 деца.

Тој се товари за низа кривични дела и злоставување на деца.

Николај Стремски е осуден за силување на неколку деца и други насилни дејствија во неговата парохија на Урал во југозападна Русија, јавува Би-Би-Си.

Стремски бил познат по најбројното семејство во Русија и бил одликуван со Национален орден за родителска слава. Како игумен на градот Саракташ, Стремски и неговата сопруга воделе згрижувачки дом од раните 1990-ти, посвојувајќи деца од сиропиталишта во регионот. Тој беше уапсен во 2019 година и е под истрага за злосторства против седум малолетници.

Стремски обвинувањата против него ги оцени како клевета.

Осудувајќи го на затвор во казнена колонија, судот во Саракташ денеска му забрани да работи со деца во следните 20 години и му го одзеде националниот орден за родителска слава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот