Вигенин: Неделава средба Груевски – Орешарски

Од:

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин денеска најави средба на премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Пламен Орешарски, што би се одржала во текот на оваа недела.

– Во моментов ги прецизираме темите за средбата. Последниот контакт на тоа ниво беше ден или два пред поранешниот премиер да си поднесе оставка. Очекувам по средбата да има повеќе информации за роковите кога ќе продолжиме со работа за договорот за добрососедство, изјави Вигенин на прес-конференција во Софија.

Тој информира дека бугарскиот преговарачки тим е обновен, а ќе го предводи амбасадорот на Бугарија во Скопје, Иван Петков.

– Тимот е подготвен да одговори на покана од страна на Македонија. Ја изразив нашата подготвеност за поскоро потпишување на договорот за добрососедство. Досега нема таква покана. Има извесно придвижување. Се одржаа четири круга (преговори). Но, откако стапив на должност, не се водени преговори. Нема особен притисок во Македонија тоа да се случи, изјави Вигенин.

Шефот на бугарската дипломатија вели дека македонската страна е запозната со бугарските позиции оти потпишување на договорот би отворило пат за добивање датум за преговори на Македонија со ЕУ, пренесува агенцијата „Фокус“.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски