Недозволиво е Маричиќ и Николовски да изразуваат незадоволство против судска одлука за Мијалков

Од:

Недозволиво е министер да изрази незадоволство против судска одлука. Ова е ставот на извршана директорка на коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска откако министрите Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски, негодуваа што судии од Апелација го пуштија Сашо Мијалков од притвор со гаранција од 11 милиони евра. Петровска за „А1он“ вели дека на тој начин, свесно или несвесно се влијае врз исходот од работењето на судиите. Реакциите, според неа, индицираат мешање во судската власт, која е самостојна и независна. Петровска е децидна, дека одлуките на судиите може да ги контролира повисок суд, но не и Судскиот совет кој министерот го повика да побара отчет од судиите.

„Неизбежно е да се напомене дека согласно закон судија не може да биде повикан на одговорност за искажан став односно одлука. Ова од причина што одлуките подлежат на преиспитување од непосредно повисок надлежен суд, поради што и преиспитувањето на основите поради кои е одлучено како што е одлучено, може да го стори само повисок суд во државава, а не и контролен орган како Судскиот совет, чија основна цел е обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт“, вели Петровска.

Одлуката на Апелација се уште не е јавно објавена и истата судиите од Апелација ја носат по принципот на тајно гласање. Но и покрај ова, министерот за правда, Бојан Маричиќ, прстот го впери во двајца од тројца судии, што укажува дека знаел кој бил за ослободување на Мијалков, а кој бил против.

„Во рамки на Апелациониот суд Скопје постапуваат повеќе судии кои што оформуваат повеќе совети, поради што навистина е нејасно како во јавност проциркулира оваа информација односно како Министерот за правда ја имал, пред јавното објавување на одлуката. Ова особено, ако се земе предвид дека јавно прозвани беа двајца од тројцата судии кои постапувале, а за третиот судија веќе проструи информација во еден од медиумите дека наводно има подготвено издвоено мислење поради несогласувањето со таквата одлука“, вели Петровска за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

A1on

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on