Шест лица загинаа, а најмалку 33 се повредени утрово при судири во египетскиот главен град Каиро, потврди претставник на Министерството за здравство на Египет.
Судирите се случија во близина на местото каде се одржува мирниот протест на приврзаници на поранешниот претседател Мохамед Морси, кој беше сменет од власта на 3 јули од страна на армијата.
Првичните информации беа дека е убиено едно лице, а 15 се повредени.