Аранч: Невозможно е Оџалан да одржи прес-конференција од затворот

Од:

Прес-конференцијата од затворот Имрали, која ја побара лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, е законски невозможна, изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч.

– Желба на Оџалан беше да одржи средба со новинарите. Но организирањето на ваква прес- конференција е невезможно според сегашниот судски систем, истакна Аранч.

Тој додаде дека постојат прописи, кои определуваат како и кога еден затвореник, кој отслужува доживотна казна затвор, може да се сретне со своите адвокати или роднините.

За време на средбата на 21 март со делегација на курдската Партија за мир и демократија, Оџалан, според соопштението на партијата, изјавил дека мировниот процес, кој има за цел да го прекине 30-годишниот конфликт, продолжува со целосна „сериозност“, но дека Анкара треба да преземе конкретни чекори пред Парламентот повторно да започне со работа во октомври.

– Јас можам суштински да придонесам за напредокот на процесот, доколку имам можност директно да ја информирам јавноста преку прес-конференција од островот Имрали, додаде Оџалан.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ