(ВИДЕО) Недески: Муцунски да се изјасни за стопирање на мостот Михајло Апостолски

Од:

„Данела Арсовска на штета на скопјани и ја стопираше изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Ваквата одлука на Арсовска е на штета на граѓаните на Аеродром, спротивна на заложбите за намалување на сообраќајниот метеж“, рече Љупчо Недески, претседател на СДММ Аеродром и советник во Советот на општина Аеродром.

„Дали градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски ја поддржува одлуката на Арсовска за стопирање на изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“?

Дали Муцунски ќе преземе нешто за да се реализира овој проект?

Овој мост, овој капитален проект е многу важен за граѓаните на Аеродром и директно влијае за намалување на сообраќајниот метеж во населбата а со тоа и намалување на загадувањето.

Во интерес на јавноста, на граѓаните на општина Аеродром Муцунски треба да одговори на овие прашања“, изјави Љупчо Недески, претседател на СДММ Аеродром и советник во Советот на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче