Светот конечно го дочека моментот кога Кејт Мидлтон го роди новиот британски престолонаследник.
Оваа „радосна вест“, многумина решија да ја одбележат како и што доликува на еден таков достоинствен настан.
Немаше никакви луди забави, но на оние на кои раѓањето на малиот принц им е важно, се потрудија на сопствен начин да го прослават фактот дека Кејт и Вилијам го добија нивното прво дете.
Секако, во Велика Британија посинија голем број знаменитости, а славното „Лондонско око“ засвети со кралските бои: црвена, бела и сина. Голем број луѓе собрани пред болницата „Сент Мери“ и пред Бакингамската палата повеќе од 12 часа ја чекаа веста за раѓањето на новиот престолонаследник, а кога дознаа дека се поминало во најдобар ред прославија на соодветен начин.
Сепак, имаше и такви кои не можеа да бидат во Лондон, но затоа ги украсија нивните кафулиња и продавници.
Како најголемо „прекуокеанско одавање почест“ на новиот принц беше „обвиткувањато“ на Нијагарините Водопади со сина светлина.