Седници на неколку собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Тања Чачарова-Илиевска, член на Судскиот совет ќе даде свечена изјава. Во законодавниот дом за денеска се закажани и седници на Комисијата за одбрана, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана е Предлогот на закон за развој, производство и промет на воени стоки, во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за земјоделство се дополнувањата на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, како и Предлог на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството и откупот на земјоделски производи, двата по скратена постапка.

Меѓу точките на три закажани седници на Законодавноправната комисија се Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка и Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство сите во прво читање. Оваа Комисија ќе ги разгледа и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, Законот за иновациската дејност, Законот за трговските друштва и на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, се поднесени по скратена постапка, а во прво читање се и Предлог измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија. Тука се и повеќе предлог-закони во второ читање од областа на економијата и финансиите.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска