Рафаел Надал позитивен на Ковид-19

Од:

Рафаел Надал објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19.

– Здраво на сите. Сакав да објавам дека кога се вратив дома, откако го одиграв турнирот во Абу Даби, бев позитивен на Ковид-19 на ПЦР-тестот што ми беше направен кога пристигнав во Шпанија. И во Кувајт и во Абу Даби поминувавме проверки секој втор ден и сите беа негативни, последната беше во петокот, а резултатите беа во сабота, напиша Надал на твитер.

По четиримесечна пауза, 20-кратниот победник на Грен слем го направи своето долгоочекувано враќање на тенискиот шампионат Мубадала минатата недела.

Иако светскиот рекет број 8 загуби на егзибицискиот турнир од Енди Мареј и Денис Шаповалов, Шпанецот рече дека тоа бил „позитивен почеток“ бидејќи тој ги засилува подготовките за Австралија опен кој започнува на 17 јануари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ