Иранската револуционерна гарда одржува воена вежба и покрај тензиите со меѓународната заедница

Од:

Иранската Револуционерна гарда денеска организираше голема воена вежба на југот на земјата во услови на зголемени тензии поради нуклеарната програма на Техеран, јави државната телевизија, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Во петдневната вежба учествуваат воздушната дивизија, копнените трупи и поморските сили, се вели во извештајот. Поморските сили се подготвени за маневри во стратешкиот Ормуски Теснец, преку кој поминува речиси 20 отсто од светскиот транспорт на нафта.

Воената вежба се одржува неколку дена откако разговорите во Виена за спас на иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2015 година беа суспендирани поради пауза за да му се овозможи на иранскиот преговарач да се врати на консултации по тензиите поради новите барања од Техеран.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он