Концерт на Македонската филхармонија на фестивалот „Штипско лето“

Од:

Македонската филхармонија вечер во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Штипско лето“.

Оркестарот ќе настапи под диригентско водство на маестро Борјан Цанев изведувајќи дела од Манчев, Зографски, Росини, Хендл и Моцарт. Како солист ќе се претстави надежниот македонски сопран Гонца Богоромова.

По концертот во Штип, Македонската филхармонија ги почнува подготовките за настапот на Охридско лето каде на 3 август ќе одржи целовечерен авторски концерт со музиката на Кшиштоф Пендерецки. Композиторот, кој е еден од најголемите живи автори на денешницата, ќе биде диригент на оркестарот на концертот во Охрид.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска