Џорџ Зимерман спасил четиричлено семејство по сообраќајна несреќа

Од:

Џорџ Зимерман, жителот на американската сојузна држава Флорида, кој неодамна беше ослободен од обвинението за убиството на афроамериканското момче Трејвон Мартин, минатата недела случајно помогнал да се спаси четиричлено семејство кое претрпело сообраќајна несреќа, јави дописниокот на МИА од Вашингтон.

Според информацијата, која полицијата на Флорида дури вчера ја објави, Зимерман и уште едно лице, најверојатно неговиот телохранител, биле на местото каде што се превртело возилото на семејството Герстл. Сопружниците Дејна и Марк и нивните две деца се нашле заробени во превртеното возило, кога Џорџ Зимерман и телохранителот дотрчале да ги извлечат на безбедно.

Полицијата соопшти дека, додека нивната патрола пристигнала, семејството веќе било спасено благодарение на во моментов веројатно најкоментираниот Американец. Зимерман и неговото семејство, како и поротата на неговото судење, се кријат од јавноста по ослободителната пресуда која предизвика протести на афроамериканската заедница и илјадници смртни закани упатени кон Зимерман.

Поротата го ослободи од обвинението за убиството на момчето Трејвон Мартин, кого Зимерман го следел стравувајќи дека се работи за крадец, за подоцна да го застрела откако Мартин го нападнал.

Сообраќајната несреќа се случила блиску до населбата во која Зимерман живее и во која се случи и трагичното убиство.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски