Принцот Вилијам: Кетрин и јас не можеме да бидеме посреќни во овој момент

Од:

Војводата од Кембриџ принцот Вилијам во кусата изјава, по раѓањето на синот, изјави дека тој и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, во овој момент не може да бидат посреќни.

Нивното бебе се породи, во понеделникот, во 16.24 часот по британско време, откако рано утрината, околу шест часот, Вилијам и Кетрин Мидлтон дојдоа во гинеколошкиот оддел на болницата Сент Мери, по првите породилни болки на војвотката.

Според соопштенето на кралската Бакингамската палата и на Кенсингтон Палас, службената резиденција на младата брачна двојка, породувањето минало без проблеми, бебето има тежина од нешто помалку од четири килограми, а мајката и новороденчето се чувствуваат добро.

Принцот Вилијам бил покрај својата сопруга во текот на породувањето, а тој ја мина ноќта во болницата, со сопругата и со нивното бебе. Името на кралското бебе, набргу ќе биде соопштено, а засега тоа е познато како принцот од Кембриџ, што е и неговата официјална титула.

Малиот принц со своето раѓање стана третиот по ред претедент на британскиот престол, по неговиот дедо, принцот Чарлс и таткото, принцот Вилијам.

Досега трет во линијата на претеденти, беше помладиот брат на Вилијам, принцот Хари.

Новороденчето е трет правнук на кралицата Елизабета.

Кралицата досега имаше два правнучиња, децата на нејзиниот најстар внук Питер Филипс и неговата сопруга. Филипс е син на принцезата Ана единствената ќерка на кралицата.

Четвртиот правнук, кралицата Елизабета се очекува да го добие околу Нова година, по породувањето на внуката Зара Филипс, која е мажена за професионален рагбист. Кралското бебе, е првото внуче на родителите на Кетрин Мидлтон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот