Докторка во Германија под истрага поради сомнеж дека вакцинирала 430 луѓе со неефикасен раствор

Од:

Германското Министерство за здравство истражува можна измама со вакцинацијата пртоив Ковид-19, а во која потенцијално здравствено загрозени би биле 430 лица од округот на Боденското Езеро.

Надлежниот оддел за здравство ги контактирал сите кои биле на вакацинација во пријавената ординација и сите ќе мора да направат тест за антитела за да биде утврдено дали примиле вакцина против ковид.

Постои сомнеж дека докторката од ординацијата ги вакцинирала луѓето со неефикасна течност. Истрагата е во тек, а засега не е изречена забрана за работа на ординацијата.

Истрагата е почната откако три комплетно вакцинирани лица во оваа ординација немале антитела за Ковид-19. Ако се потврдат сомнежите, раководителите и вработените во ординацијата ќе одговараат за опасно загрозување на здравјето на пациентите.

Жена која се вакцинирала во орднацијата пријавла дека кога и се пожалила на докторката дека се плаши од нус-појавите од вакцината, лекарката наводно и рекла дека не треба да се грижи бидејќи во вакцината измешала нешто хомеопатско.

Полицијата извршила претрес во ординацијата и се чекаат официјалните резултати од собраните докази.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица