Во САД отпуштени од работа 103 маринци затоа што одбиле вакцина против Ковид-19

Од:

Маринскиот корпус во САД отпушти 103 припадници на службата затоа што одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19, откако војската почнува да спроведува извршни дејствија за спроведување на одлуката за задолжителна вакцинација на војниците, јави Си-Ен-Ен.

Досега, 95 отсто од активните маринци се вакцинирани, покажуваат најновите податоци од Маринскиот корпус, но службата сè уште ги обработува барањата за изземање.

Повеќе од 97 проценти од целата активна воена сила е делумно или целосно вакцинирана. Воздухопловните сили целосно или делумно вакцинираа 97,5 отсто од своите активни сили, додека морнарицата вакцинираше приближно 98 проценти од припадниците.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид