Меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“ во Музејот на современа уметност

Од:

Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“.

Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.

Изложбената поставка се состои од 13 дела во различни медиуми, инсталации и видео дела.

Главната цел на изложбата е да понуди уметничко толкување на радикално левичарските политики и практики кои го опфаќаат концептот на сознание на различноста и солидарноста на локално и глобално ниво, истражено и презентирано преку уметничка акција.

Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова. Дизајнот за визуелно решение го направи уметницата Неда Фирфова.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2022 година и се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија, ЕВН Македонија и Тиквеш.

Би можело да ве интересира

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Директорката на Музејот на современа уметност се повлекува од функцијата

Се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ во Музејот на современата уметност – Скопје

Музејот на современата уметност со еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина

Голема изложба на Музејот на современата уметност во Виена

Ретроспективна изложба на Симон Узуновски во Музејот на современата уметност