Судири во Каиро: Еден загинат, седум повредени

Од:

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во денешните судири на централниот плоштад Тахир во Каиро меѓу приврзаниците и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.

Спротиставените групи фрлаа камења едни врз други, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Тоа е најголем судир во Каиро од 16. јули, кога во текот на протестите загинаа седум лица. Египетската државна телевизија објави дека се уапсени седум приврзанци на Морси и оти се запленети два пиштола.

Во судирите од соборувањето на Морси загинаа најмалку сто луѓе, а поголемиот број од жртвите се приврзаници на Муслиманско братство.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски