Северна Кореја одбележа 10 години од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг Ил

Од:

Северна Кореја денеска ја одбележа 10-годишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг Ил повикувајќи на поголема лојалност кон неговиот син и сегашен лидер Ким Џонг Ун.

За десет години колку што ја води Северна Кореја, Ким Џонг Ун (37) ја обезбеди истата апсолутна моќ како и неговиот татко Ким Џонг Ил и дедото Ким Ил Сунг, основачот на државата.

И покрај огромните економски шокови предизвикани од мерките за штедење поради Ковид-19 и долгогодишните „заспани“ дипломатски односи со Соединетите Американски Држави, Северна Кореја не покажува знаци на политичка нестабилност.
Во земјата денеска знамињата се на половина копје, а на пладне се огласи и сирената.

Голем број Севернокорејци денеска положија цвеќе и му оддадоа почит на починатиот лидер на ридот Мансу во центарот на Пјонгјанг, каде што се наоѓаат огромни бронзени статуи на Ким Џонг Ил и севернокорејскиот основач Ким Ил Сунг.

Претходните години актуелниот лидер Ким Џонг Ун на денешен ден одеше во мавзолејот каде се наоѓаат балсамираните тела на неговиот татко и дедо и организираше државни собири.

Се очекуваше тоа да го стори и оваа година, но севернокорејските државни медиуми не објавија никакви јавни активности.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка