Германскиот весник „Шпигл“ денес напиша дека канцеларката Ангела Меркел и штети на демократијата со тоа што се уште молчи за американската афера за прислушкување, која се однесува и на надгледување на комуникациите на Германците.
-Бидејќи Меркел се уште молчи за надгледување на Германците, тогаш мора да се запрашаме дали таа воопшто сфати за што станува збор. Доколку постојано и во голема мерка се кршат основните права, тогаш демократијата е загрозена, а републиката е општетена-напиша новинарот Јакоб Аугштајн во текстот под наслов „Мала канцеларка“.
Имено Меркел веќе два месеци пред изборите трпи притисок поради американската афера, а на минатонеделната конференција за новинари, остана должна на многу прашања.
-Со тоа таа и нанесува штета на демократијата-стои во текстот и се додава дека за нејзиниот „политички татко“ може да се каже дека бил „канцелар за обединувањето“, а за Меркел дека е „мала канцеларка“.
Елена Георгиевска