ЕЦБ ги намалува кризните стимулации за економијата, но продолжува да ги поддржува

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека до март 2022 година ќе заврши со кризните стимулации за економијата во еврозоната, а потоа ќе ги засили стандардните мерки за поддршка поради неизвесноста што ги создаваат новите соеви на коронавирусот.

Во првиот квартал на 2022 година, ЕЦБ дополнително ќе го намали купувањето обврзници во рамките на програмата за пандемична криза PEPP во вкупна вредност од 1,850 милијарди евра и целосно ќе ја затвори во март.

Во вториот квартал, финансиската институција двојно ќе го зголеми купувањето обврзници од стандардната програма што ја формира за поддршка на економијата и зајакнувањето на инфлацијата по должничката криза во еврозоната.

На тој начин, во периодот од април до јуни ќе купи обврзници во вредност од 40 милијарди евра, а во периодот од јули до септември ќе ја намали вредноста на откупот на 30 милијарди евра. Од октомври ќе купува обврзници за 20 милијарди евра, без да наведе кога би можела да ја затвори програмата.

-Мораме да ја зачуваме флексибилноста и можноста на избор во водењето на монетарната политика, рече претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, на прес-конференција.

„Ширењето на новите соеви на коронавирусот создава несигурност“, додаде таа.

ЕЦБ денеска ја задржа негативната каматна стапка на депозитите, минус 0,5 отсто и основната каматна стапка од нула отсто, повторувајќи дека таа ќе остане на тоа ниво додека инфлацијата не достигне „значителни“ два отсто пред крајот на 2023 година и не остане на тоа ниво.

„Ова може да вклучи преоден период во кој инфлацијата би била умерено над целното ниво“, повтори ЕЦБ, во согласност со забелешките од состанокот на крајот на октомври.

ЕЦБ постави инструменти за поддршка на економијата во областа на примената на единствената европска валута, а нејзината работа е значително попречена од силната инфлација, поттикната од растот на цените на енергијата и храната, но и проблемите во синџирите на снабдување.

Банката денеска речиси ја удвои прогнозата за инфлацијата за следната година, од 1,7 отсто предвидена во септември, на 3,2 отсто.

Проценката на инфлацијата за оваа година беше зголемена од 2,2 на 2,6 отсто. Во 2023 година се очекува стапка на инфлација од 1,8 отсто, 0,3 процентни поени повисока отколку што очекуваа во септември, а иста стапка на раст на цените се предвидува и во 2024 година.

Би можело да ве интересира

Европската централна банка испрати предупредување

Европската банка ја зголеми основната каматна стапка

Европската централна банка ги покачи каматните стапки првпат по 11 години

Лагард: Развојот на економијата на еврозоната зависи од ситуацијата во Украина

А1он

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он