Зеленски: Киев со непроменет курс за приклучувањето кон НАТО

Од:

Курсот на Украина за влез во НАТО останува непроменет, а поддршката за тоа во заедницата расте, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски, шпо средбата во Брисел со со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

-Нашиот евроатлантски курс останува непроменет, а поддршката за тоа во украинското општество расте, кажа Зеленски на прес-конференцијата по средбата со Столтенберг, пренесоа агенциите.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, претходно изјави дека никој не треба да одлучува за перспективите за членство на земјата во ЕУ и НАТО, освен украинскиот народ и самите асоцијации.

Украинскиот Парламент во февруари 2019 година усвои амандмани на Уставот, со што беше обезбеден курсот на земјата кон ЕУ и НАТО.

Украина стана шестата земја што доби статус на партнер со унапредени можности за членство во НАТО.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, претходно изјави дека за да може Украина да се приклучи на Алијансата, ќе треба да исполни голем број критериуми, за чија имплементација ќе биде потребно смногу време.

Би можело да ве интересира

Кримските Татари тврдат: Ќе се спротивставиме на меѓународното признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала

Руската одбрана собори 11 украински беспилотни летала

Путин призна дека Русија повеќе пати напаѓа цивилни цели во Украина

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина