Сите села во Кичевско добија струја, тешко проодни патиштата до осум села во општината

Од:

По петдневна интензивна работа на терен на екипи на ЕВН и компанијата задолжена за одржување на електромрежата „Инсталација“ од Кичево, сите осумдесет селски населби во општина Кичево добија електрично напојување, а последен е отстранет дефектот во село Малкоец.

-Конечно на целата територија на нашата општина отстранети се дефектите во електромрежата и струја добија сите селски населби, со што овој проблем е целосно надминат. Останува сè уште целосно да се реши проблемот со проодноста на патиштатата до осум ридско-планински села во општината во делот каде што пропадна тендерот да се избере компанија за зимско одржување на патиштата на јужната страна од општината, вели Дашмире Адеми од ПО на ДЗС Кичево.

Тој додаде дека од вчера се расчистени патиштата до селата Лавчани, Ехловец и Душогубица а сè уште останаа потешко проодни патиштата до селата Малкоец, Козичино. Патеец,Рабетино Дупјани, Кладник.

Наскоро се очекува да бидат расчистени и патиштата до овие селски населби и да се нормализира животот и во овој дел од општината.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка