ВИДЕО: Четири деца загинаа во Австралија играјќи си во училишниот двор

Од:

Четири деца загинаа, а уште неколку ученици се тешко повредени при пад од височина од 10 метри, откако силните ветрови кренале во воздух гумен замок за скокање во основно училиште во Тасманија, соопшти австралиската полиција.

Службите за итни случаи, вклучително и неколку хеликоптери, брзо пристигнале на местото на несреќата во основното училиште Хилкрест во градот Девонпорт, трето по големина населено место на островот, објави „Ројтерс“.

Меѓу загинатите деца има две девојчиња и две момчиња од шесто одделение, а Си-ен-ен наведува дека во Австралија децата од шесто одделение се претежно на возраст од 11 или 12 години.

Си-ен-ен јавува дека пет ученици се во болница, во тешка состојба.

Повеќе детали засега не се објавени од приватни причини, соопшти полицијата.

Австралиските медиуми објавија дека во училиштето се прославувал крајот на учебната година.

Девонпорт, на северниот брег на Тасманија, е мал пристанишен град со нешто помалку од 30.000 жители.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он