САД алармираат на можното распоредување на Вагнер во Мали

Од:

САД изразија длабока загриженост поради можното распоредување на воената компанија „Вагнер“ во Мали, чиј ангажман чинел 10 милиони долари месечно. „Вагнер“ е приватна воена формација поддржана од руската држава.

-Разбираме дека овие пари, 10 милиони долари месечно, се пренасочуваат наместо да одат за поддршка на армиските сили на Мали, и се плаќаат за распоредување на групата Вагнер на Евгениј Пригожин. Овие сили се познати по дестабилизирачките активности и прекршување на човековите права, изјави портпаролот Нед Прајс.

Според него, пристигањето на оваа воена група во Мали би можелао да ја дестабилизира земјата.

Пригожин е под американски и европски санкции, а поврзано со неговите врски со руското Министерство за одбрана и напорите да се поткопаат демократските процеси во САД.

Од Стејт департментот наведуваат дека групата Вагнер, исто така, e ставена под санкции на САД, а поради дејства поврзани со закани по мирот, безбедноста, стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Централна Африканска Република.

На пример, од Вагнер изведувале убиства на членовите на Пеул, доминантnа муслиманска заедница во земјата.

ЕУ ја санкционираше оваа група и 11 нејзини припадници на 13 декември за нивните дестабилизирачки активности во Украина, Либија, ЦАР и Сирија.

-Државите каде Вагнер е активна мошне брзо стануваат посиромашни, послаби и помалку безбедни. Случаите со Либија, ЦАР, Украина и Сирија се пример за клучната улога што групата Вагнер ја има во нејзиното распоредување таму, наведува Прајс.

САД ги повикаа властите на Мали да на ги прераспределуваат ресурите од борбата со тероризмот на армските сили на земјата.

-Богатствата на земјата, вклучувајќи ги концесиите за рударење, треба да бидат во благо на народот а не да се кредитираат странски сили со историја на злоупотреби на локалното население и поткопување на контролата над територијата на земјите домаќини.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна