Тело на мртва жена најдено во куфер во Лондон

Од:

Тело на мртва жена е најдено во една шума во реонот на Мил Хил, во населбата Хедон во северозападен Лондон.

Во соопштението на лондонската Метрополитен полиција се вели дека куферот со трупот во него е откриен вчера доцна попладне. Засега не се знае која е убиената, ниту нејзината точна возраст, освен дека станува збор за жена во „помлади години“.

Полицијата смртта на жената ја третира како убиство и започна истрага. Во полициското соопштение нема детали за тоа во каква состојба се наоѓа трупот, освен што се посочува дека куферот е откриен случајно, покрај патеката во шумата, што се наоѓа покрај еден терен на кои спортуваат жителите од оваа лондонска населба.

Никој засега не е посочен како осомничен, ниту пак кој било е приведен и сослушуван.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот