Монетарната политика соодветна на макроекономските услови, основната каматна стапка останува 1,25 проценти

Од:

Mонетарната политика е соодветна на макроекономските услови. Неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму постојат, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Оттаму денеска информираа дека Народната банка внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција, доколку е потребно.

Основната камата и натаму ќе изнесува 1,25 проценти, а на денешната аукција, како што информираше Народната банка, ќе биде понуден непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи со што се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови и се придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата.

На седницата на Комитетот, одржана вчера, е оценето дека нагорните придвижувања на инфлацијата во земјава се должат на глобалните фактори на страната на понудата, кои, според меѓународните финансиски институции, се очекува дека ќе се стабилизираат во текот на следната година.

– Врз основа на тековната динамика на закрепнување на домашната економија, не се согледуваат притисоци од побарувачката врз ценовниот раст, на што упатуваат и движењата кај базичната инфлација, којашто за разлика од општото ценовно ниво, е поумерена од очекуваната. Воедно, домашната инфлација е во согласност и со ценовните придвижувања забележани во еврозоната. Оттука, засега не се увидува потреба од монетарна реакција, но и натаму има потреба од будно следење, велат од Народната банка.

Во однос на последните макроекономски показатели од домашната економија, централната банка оценува дека растот на БДП во третиот квартал од годинава упатува на тоа дека домашната економија закрепнува. Податоците за четвртиот квартал засега се недоволни за согледување на состојбите во целина, но податоците за октомври покажуваат натамошен поумерен реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, но и натамошно неповолни движења кај индустриското производство на годишна основа.

Годишниот раст на цените кој изнесува 3,1 процент во периодот јануари- ноември е во рамки на очекувањата од октомвриската проекција. Позначителен придонес кон растот се забележува од категориите на домашните цени коишто се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, со преносниот ефект од минатогодишното зголемување на цените од регулаторна природа, како и од одредени фактори специфични за пандемичната криза, а во услови на олабавување на рестриктивните мерки.

– Годишниот раст на инфлацијата за ноември е малку над очекувањата, но периодот на оцена е кус, додека неизвесноста околу движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и понатаму постои, што упатува на потреба од будно следење, истакнуваат од централната банка.

Движењата на монетарниот сектор, се оценуваат, како солидни. Девизните резерви се на соодветно ниво и во сигурна зона. Заклучно со ноември, растот на девизните резерви од почетокот на годината е во согласност со есенските проекции. Трговскиот дефицит во октомври е помал од очекуваниот за последниот квартал од годината, додека последните расположливи податоци за менувачкото работење се главно во рамки на очекуваните нето-приливи кај приватните трансфери за четвртиот квартал од 2021 година, според октомвриската проекција.

– Во ноември продолжи и нагорниот тренд во обемот на тргување на девизниот пазар, што соодветствува со надворешното економско окружување на домашната економија. Побарувачката за девизи беше задоволена од банките, чијашто девизна ликвидност и натаму е на стабилно ниво, за што придонесоа и интервенциите на Народната банка за продажба на девизи, се наведува во соопштението од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски