Нов случај на заболен од птичји грип во Кина

Од:

Во кинескиот главен град Пекинг е регистриран уште еден случај на заболен од новооткриениот вирус на птичји грип H7N9, иако оваа болест ретко се јавува во текот на топлите летни месеци.

Шеесет и едногодишна пациентка е згрижена во пекиншката болница „Чаојанг“ и во моментот се наоѓа надвор од животна опасност, соопштија болнички извори. Заразената жена наводно заболела откако посетила пазар за продажба на живина. Лекувањето со класична антибиотска терапија не и помогнало.

Вирусот H7N9 првпат е дијагностициран во март годинава во Кина, а се прошири во текот на април. Од овој нов вирус во Кина вкупно заболеа 133 лица.

Птичјиот грип во Кина досега однесе 43 животи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски