Најмалку 50 луѓе загинаа при денешната експлозија на цистерна со бензин во Кап-Хаитиен, изјави заменик-градоначалникот Патрик Алмонор.
Тој додаде дека на местото на несреќата видел од 50 до 54 безживотни тела.
Алмонор истакна дека од огнот биле зафатени и дваесетина околни згради, поради што е можно бројот на жртвите да биде поголем.
– Се уште не можеме да дадеме детали за бројот на жртвите во куќите, посочи Алмонор.
Локалните медиуми информираат дека десетици луѓе се хоспитализирани со повреди.