Од воздухопловните сили на САД отпуштени 27 војници поради одбивање за вакцинација

Од:

Воздухопловните сили на САД соопштија дека 27 војници биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против Ковид-19. Пентагон ја прогласи во август вакцината за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници примија најмалку една доза.

Портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек рече дека војниците добиле шанса да објаснат зошто одбиле да бидат вакцинирани, но ниту еден од нив не добил изземање. Околу 97 отсато од персоналот на воздухопловните сили се вакцинирани против коронавирус, бројка многу поголема од општата популација на САД. Воздухопловните и вселенските сили имаат околу 326.000 активен персонал. Вкупно 79 воени лица во различни служби починаа од коронавирус. САД во неделата соопштија за вкупно досега 800.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Бајден најави дека САД наскоро ќе испратат војници во Источна Европа