Нов тендер за прилепскиот загубар Еурокомпозит 11 Октомври до крајот на месецов

Од:

Според најавите од Министерството за економија и раководството на компанијата, до крајот на месец јули најверојатно ќе биде објавен третиот по ред тендер за Еурокомпозит 11 Октомври.

На следниот јавен повик за продажба компанијата ќе брои помалку вработени –по пат на доброволно заминување околу 50 работници наскоро ќе ја напуштат фирмата како технолошки вишок со исплата на отпремнина во висина од 1500 евра.

Најголема пречка за нередовната исплата на бруто-плати е нередовната продуктивност, како и неколкуте прекини на договорите состранските партнери,при што од менаџментот истакнуваат дека се прават напори за враќање на довербата.

На последната втора јавна објава за продажба на Еурокомпозит неколку фирми подигнале тендерска документација, но ниту една не доставила понуда до крајниот рок – 6 јуни.

Неодамна, министерот за економија, Ваљон Сараќини, најави дека хрватскиот гигант Ѓуро Ѓаковиќ е заинтересиран за инвестирање во прилепскиот загубар. Доколку е така, наредниот тендер треба да го даде дефинитивниот одговор за решавање на судбината на компанијата.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните