Бескаматни кредити за ромските семејства во Прилеп

Од:

Прилепските ромски семејства пројавуваат голем интерес за користење на бескаматниот кредит со кој ќе можат многу полесно даго легализираат недвижниот имот. Со потпишувањето на новите 15 договори, дури 25 проценти од вкупниот број заеми отпаѓаат на баратели од ромската населба Тризла.

Невладината Хабитат со овој проект им нуди административна,финансиска и техничка помош на ромските семејства.Од невладината истакнаа дека овој проект првично се спроведувал во шест општини,а подоцна, поради големиот интерес,започнал да се спроведува уште во три нови општини во Република Македонија.

Со него се очекува значително зголемување на бројот Роми-сопственици на домови со цел обезбедување посигурна иднина за нивните семејства.

Проектот наречен „Легализација на домување за Роми“ започна во јануари годинава,а ќе трае до 2015 година. Со него ќе бидат опфатени околу 1.200 ромски семејства, кои средствата треба да ги вратат во рок од 9 месеци од потпишувањето на договорот.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски