Повредените од сообраќајка во Дебар во стабилна здравствена состојба

Од:

Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

– Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и М.С.(21) од селото Новак, општина Центар Жупа, беа префрлени на понатамошен третман во специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, додека другите пет лица се под опсервација во хируршкото одделение при нашата болница. Сите се во стабилна здравствена состојба, што ни го потврдија и колегите од Охрид, рече Алили.

Сообраќајната несреќа се случи вчера попладне на улица „Вељко Влаховиќ“, на излезот од Дебар, на патот кон Струга, во близина на објектот на поранешната елекродистрибуција.

– Сообраќајната несреќа се случи помеѓу патничко моторно возило „Киа Соренто“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(43) од селото Праленик, општина Центар Жупа и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.од селото Новак, општина Центар Жупа-сопатничка во возилото „Киа Соренто“, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од село Праленик-општина Центар Жупа, како и две малолетни лица од Дебар на возраст од 14 години, сопатници во возилото „Форд Фокус“.

Според Димоски, увид на местото на несреќата извршила екипа од полициската станица Дебар.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Скопје-Велес, извлечени шестмина повредени

Катерина Ѓуровски

И четврта жртва од сообраќајката на автопатот Рума – Шабац, почина 25 годишник

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на автопат во Србија – тројца загинати

А1он

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он