Британскиот премиер Дејвид Камерон најави низа мерки за блокирање и спречување на порнографијата на интернет во Велика Британија.
Со мерките се предвидува приемот на порнографски содржини да биде автоматски блокиран од интернет провајдерите, во секое домаќинство, доколку некој од неговите членови реши да гледа таква програма.
Со новите владини мерки, промовирани денеска, како илегално и противзаконско ќе се смета и поседувањето или пристапот до интернет програмите на кои се прикажува силување.
Новите прописи, што ќе почнат да се применуваат од октомври, ќе се применуваат во Англија и Вёлс, затоа што во Шкотска тие веќе се во сила.
Во изјавата за домашните медиуми, премиерот Камерон рече дека интернет порнографијата го „нагризува детството“ на најмладите. Тој ги повика интернет компаниите во Велика Британија да направат повеќе за да се блокира пристапот до програмите и материјалите кои се опасни и штетни.
– Не го зборувам ова за да морализирам, туку зборувам како политичар и татко бидејки сметам дека е веќе време за акција, за да ги заштитиме нашите деца и за да се зачува нивната невиност, рече британскиот премиер.
Забраната за гледање порнографија ќе се однесува како на оние домакинства кои веќе имаат интернет во своите домови, така и на новите корисници на онлајн програмите.
Одлуката на Владата да изврши корекција на законот со кои се регулира приемот и следењето на интернетот во земјата, наиде на широко одобрување на разните асоцијации за заштита на жените, бидејќи тие оценуваат оти со новите мерки ќе се заштитат жените и девојките од сексуално насилство и злоупотреба.
Некои интернет провајдери, меѓутоа, не се задоволни од ваквиот владин потег, забележувајќи дека тие не сакаат да се претворат во дежурни цензори.