Променливо облачно и студено

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Во југозападните делови со сончеви периоди. Претпладне во источните делови, освен на повисоките планини снег ќе провејува и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од вторник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.

Би можело да ве интересира

Уште денеска дожд потоа до крајот од неделата сува со постудени утра

Дожд денеска и утре претпладне, потоа до петок суво

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Цел викенд и в понеделник дожд

Облачно и врнежливо со температура до 17 степени

А1он

Од вечер до понеделник облаци и дожд