САД не заслужуваат доверба за директни преговори, изјави иранскиот духовен лидер Али Хамнеи во врска со повиците на американски официјални претставници за обновување на дијалогот по изборот на Хасан Рохани за претседател на Иран.
– Американците се нерационални и не заслужуваат доверба. Тие не се чесни во односите. Ставовите, кои во последните месеци ги зазедоа американските претставници, потврдуваат дека не треба да бидеме оптимисти, истакна Хамнеи.
Рохани по изборот вети дека ќе го следи патот на умереност и взаемна соработка со Западот, на што Хамнеи одговори дека Иран верува во вазаемна соработка со светот, но треба да определи какви се целите на неговите противници, во спротивно ќе страда.
Рохани, кој убедливо победи на претседателските избори на 14 јуни, ќе положи заклетва на 3 август. Иран ги покани светските лидери на инаугуративната церемонија.