Во Кливленд пронајдени тела на три жени, постои сомнеж дека има уште жртви

Од:

Тела на три неидентификувани жени биле пронајдени во куќа на периферијата на американскиот град Кливленд, а полицијата уапси едно лице за кое постојат сомнежи дека ги извршило убиствата.

Шефот на полицијата во Кливленд, Ралф Спотс изјави дека постои сомнеж дека би можело да има уште една или две жртви на масовниот убиец.

Уапсениот е 35-годишниот Мајкл Медисон, кој претходно веќе е осудуван поради обиди за силување во 2001 година и се наоѓа на листата на сексуални злоставувачи. Тој денеска првпат ќе биде изведен пред суд.

Сите жртви се Афроамериканки и се претпоставува дека се убиени во последните десетина дена. Првото тело е откриено откако од една напуштена куќа почнала да се чувствува многу непријатна миризба.

Телото било завиткано во пластична кеса за отпадоци и се наоѓало во гаража. Полицијата подоцна пронашла уште две тела, едното во подрумот, а другото во дворот на куќата.

Ниту една од жртвите кај себе немала документи, па затоа се уште не се идентификувани. Соседите на Медисон изјавиле дека тој бил забележан како им приоѓа на жени на улица и се обидува да воспостави контакт со нив, но се уште не е познато дали на тој начин дошол до своите жртви.

Полицијата се уште ги претресува локалните куќи, од кои повеќето се напуштени, бидејќи станува збор за многу сиромашно предградие.

Според неофицијални податоци од истрагата, постои сомнеж дека Медисон при убиствата го следел примерот на Ентони Соувел, масовниот убиец од Кливленд, кој пред две години е осуден на смрт поради убиство на 11 жени во овој град.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски