Владејачката коалиција во Јапонија победи на изборите за Горниот дом на Парламентот

Од:

Владејачката коалиција во Јапонија, вклучувајќи ги Либерално-демократската партија и „Нова комеито“, победи на изборите за Горниот дом на Парламентот.

Според податоци на Централната изборна комисија, Либерално-демократската партија освоила 65 места од вкупно 121, а „Нова комеито“ – 11 места.

Премиерот Шинѕо Абе изјави дека изборните резултати значат „гласање во поддршка на економскиот курс“ на неговата партија и вети дека ќе продолжи да ја следи истата линија.

Јапонската демократска партија, која во декември ја изгуби власта, освои 17 места. Тоа и е досега најслабиот резултат за Горниот дом на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови