Шест лица убиени во напади на Синајскиот полуостров

Од:

Шестмина Еѓипќани беа убиени и 11 повредени во десетина напади на исламистички милитанти на Синајскиот полуостров, во близина до границата на Египет со Израел и Газа.

Убиените се двајца цивили, двајца офицери и двајца полицајци. Нападите беа извршени вчера во и околу градот Ел Ариш врз полициски станици и воени пунктови.

Вчера беа извршени најбројни напади со најмногужртви за еден ден од почетокот на месецот.

Насилствата во овој регион се разгореа откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси на 2 јули. Оттогаш исламистите речиси секој ден напааѓаат контролни пунктови и други цели и убија најмалку 20 лица.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро