Демократите избираат наследник на Бериша

Од:

Демократската партија на Албанија утре избира нов лидер, кој ќе го замени досегашниот Сали Бериша, јави дописникот на МИА од Тирана.


Вкупно 105 илјади членови на партијата,  ќе избираат лидер според начелото еден член еден глас, помеѓу Љуљзим Баша, актуелен градоначалник на Тирана и Сокол Олдаши, минитер за транспорт и јавни работи  во заминување.


Од формирањето на партијата, во декември 1991 година, на чело на партијата беа три лица. Освен Бериша, на чело на ДП беа и Едуард Сељами и Тритан Шеху, најдолго сепак беше Бериша.


Баша и Олдаши во текот на денешниот ден ги имаа последните средби со членството од кое бараат подршка.


И двајцата сметаат дека од големо значење е доброто функционирање на партиските структури, како и  изборот на лидер според начелото еден член еден глас.


Според  анкетата спроведена од албанските портали Љуљзим Баша се гледа како нов лидер на партијата. За него би гласале 65 отсто од членовите на партијата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски