Самит на шефови на државите од регионот

Од:

Идната недела во близина на Крањ, Словенија ќе се одржи самит на шефови на државите од регионот, на кој ќе присуствува и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Собирот е на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ и претставува формален почеток на иницијативата за помош на државите од регионот на нивниот пат кон Европската унија.

Самитот би требало да резултира со уште еден собир на исто ниво, со присуство на некој претседател од голема држава членка на ЕУ.

Од друга страна, станува збор за продолжување на иницијатива со слична цел која во 2010 година ја покренаа тогашниот словенечки премиер Пахор и хрватската претседателка Јадранка Косор.

За разлика од тогашниот состанок и овој што треба да се одржи на 25 јули е во тоа што првиот ЕУ речиси го бојкотираше, бидејќи организаторите не беа во состојба да обезбедат присуство на сите лидери на државите од регионот.

Тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ ги „уцени организаторите“ условувајќи го своето учество со тоа што бараше Косово да не биде покането на собирот.

Сегашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ нема проблем да учествува на собири на кој е поканета и косовската претседателка Атифете Јахјага.

Николиќ тоа го докажа со своето присуство на прославата по повод членството на Хрватска во ЕУ и на работниот појадок кој што го приреди хрватскиот претседател Јосиповиќ, што беше и почеток на иницијативата која продолжува со самитот во Крањ, Словенија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ