Трпе Деаноски избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ

Од:

Трпе Деаноски со акламација е избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ на осмиот конгрес што денеска се одржа во Скопје. Деаноски доаѓа на местото на досегашниот претседател Пеце Грујоски.

– На седницата на Претседателството одржана на 30.11.2021 година врз основа на доставените записници, Претседателството го утврди Трпе Деаноски како можен кандидат за претседател на Синдикатот на УПОЗ и овој предлог му го достави на Конгресот на изјаснување. Со оглед што Трпе Деаноски доби безрезервна поддршка и масовна поддршка од синдикалните организации, делегатите на Осмиот Конгрес го избраа со акламација, соопшти Синдикатот на УПОЗ.

На конгресот е избран и Надзорен одбор, усвоени се и Програмските активности за период 2021 – 2026 година и Резолуција за платите на вработените во управата и правосудството.

Со резолуцијата се бара вредноста на бодот да биде поврзана со порастот на просечната плата во државата, минималната плата да биде дел од основната плата на вработените во управата и правосудството, а платата на помлад соработник да биде во износ на просечната плата исплатена на ниво на државата, додека сите останати плати да се во сооднос со ова ниво.

– Висината на платите на вработените во управата и правосудството, во услови на растечката инфлација и секојдневното зголемување на цените, воопшто не можат да ги задоволат основните потреби за живот. Напротив, ваквата состојба доведе до тоа стандардот на вработените да е загрижувачки низок, стапката на сиромаштија да е во постојан раст, а категоријата сиромашни граѓани се зголемува меѓу овие вработени, што е недозволено. Поразителен е фактот дека 95 проценти од вработените во управата и правосудството имаат плата која е пониска од просечната плата исплатена во државата, а од нив скоро 60 проценти се на граница на минималната плата или добиваат и помала плата од минималната што е против законски, се вели во Резолуцијата.

Обраќање пред присутните, како што соопштија од Синдикатот на УПОЗ, имал и досегашниот претседател Пецо Грујовски, кој како едно од најголемите достигнувања во изминатиот период го посочил потпишувањето на Гранскиот колективен договор за вработените во државната администрација, со кој, како што рекол, се утврдиле права кои низ годините наназад биле изгубени.

На конгресот од вкупно 71 делегат, присуствувале 66 делегати. Како гости присуствувале делегации од синдикатите од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Турција.

Би можело да ве интересира

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски