И Исланд пресилен за комбинираниот македонски кошаркарски состав

Од:

Комбинираниот состав на македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и третиот пораз на турнирот во Куншан, Кина, каде денеска загуби од селекција на Исланд со 99:83.

Слекцијата на Македонија без стандардните првотимци исклучок на браќата близнаци Стојановски и дарко Соколо, со три порази ја заврши мини турнејата во Кина.

По поразите од Црна Гора (77:82) пред два дена и вчерашниот од домаќинот Кина со (60:80), денеска избраниците на Марјан Србиновски се порзени од Исланд со 99:83 по четвртини 33:23, 27:12, 18:19 и 21:29.

Како и на изминатите два така и на денешниот натпревар „црвено-жолтите“ одиграа лошо прво полувреме кое заврши со негатива од 25 поени разлика (60:35), а во првата четвртина нашата селекција му дозволи на противникот да уфрли дури 33 поени.

Дамјан Стојановски со 20 поени беше најпрецизен во нашиот тим, додека Војдан Стојановски реализира 16.

Со двоцифрен број на поени натпреварот го завршија, Дарко Соколов со 15 и Александар Костоски со 11 поени.

Оваа селекција на кошаркари во Скопје се враќа во вторник, а ден подоцна ќе ги започне и подготовките за престојното Европско првенство, кога под раководство на селекторот Алеш Пипан, на националниот тим ќе му се приклучат и поголемиот број на стандардните репрезентативци, кои впрочем ќе треба да го понесат товарот на престојниот Евробаскетот во Словенија од 4 до 22 септември.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ