Владејачката коалиција, што ја сочинуваат Либералнодемократската партија на премиерот Шинзо Абе и Новата Комеито партија, извојуваа победа на денешните избори за пратеници во Горниот дом, покажуваат првичните проценки на изборните резултати.
Со тоа, коалицијата на Абе ја зацементира својата власт и обезбеди контрола во двата дома на парламентот.
Победата се доживува како потврда за исправноста на владината економска програма, која има за цел заживување на стопанството и на Абе му дава мандат да продолжи со тешките економски реформи, кои ги вети за да оствари одржлив раст на економијата.
Либералдемократите јапонската економија се обидоа да ја заживеат со финансиски и монетарни поттикнувања, а премиерот Абе изјави дека негов приоритет е да се продолжи со заздравување на јапонската економија.
Во парламентот на Јапонија се наоѓаат вкупно 242 пратенички места, од кои половината му припаѓаат на Горниот дом.
Врз основа на излезните анкети се предвидува дека владечајката коалиција обезбедила 71 место, со што би имале вкупно 130 места во горниот дом, значително повеќе од неопходните 122 за мнозинство.
Изборите за Горниот дом на парламентот се одржуваат секоја трета година, а мандатот на избраните пратеници трае шест години.
Официјалните резултати можат да се очекуваат утре.