За да биде успешен најавениот проект за изградба на туристички комплекс на брегот на Охридското Езеро економијата и екологијата мора да бидат ускладени, рече портпарол на ДОМ, Маја Морачанин.
За ДОМ, потенцираат, како зелена партија најважни се еколошките аспекти на проектот во Љубаништа и затоа предлагаат јавна дискусија, со учество на државните институции и стручната јавност.
– Има уште многу еколошки прашања, но ДОМ започнува со најважните, за да ја насочиме дискусијата во конструктивна насока, со користење стручни аргументи, ослободени од политизирање, изјави портпарол Тони Ристов.