Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу денеска ќе го посетат ски центарот Попова Шапка.
Во рамки на посетата, тие ќе извршат увид во реализираните активности за модернизација на ски-центарот, а ќе биде пуштен во употреба и новиот систем за осветлување со што ќе биде најавено отворањето на новата скијачка сезона.