Владата на денешната 125-та редовна седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, односно за инвестиција фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати.
Соларната електрана на стратешкиот инвеститор вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во атарот на Долни Балван, Општина Карбинци.
На денешната седница Владата донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје, која што ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра.
ХЕК СОЛАР МК соларната електрана ќе ја гради во Општина Пехчево.