ЕК: Присуството на ЕУ во Кабул е прашање на недели

Од:

Европската Комисија денеска потврди дека ЕУ ќе има присуство на терен во Авганистан и дека е тоа прашање на недели, не месеци, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Како ЕУ работиме на минимално присуство во Кабул, но од безбедносни причини не можеме да навлеземе во детали, прашање на недели е, не на месеци. Но ова не е знак на признавање, рече Набила Масрали, портпаролка за надворешна политика, алудирајќи на талибанскиот режим во Авганистан.

Дебатата во ЕУ околу присуството во Авганистан се кршеше околу тоа дали би значело признавање на Талибанците.

-Сакаме да можеме да му помогнеме на авганистанскиот народ со тоа што ќе бидеме близу и на иновативен начин треба да бидеме способни да разговараме со де факто властите во Кабул, рече Масрали.

Таа не ја коментираше последната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека сака европска сила на терен во Авганистан.

Макрон изјави дека треба заедничка европска мисија во оваа земја што е можно поскоро.

-Мислиме на организација меѓу повеќе европски земји, заедничко место за Европејците кое ќе им овозможи на нашите амбасадори да бидат присутни, изјави Макрон.

Европската Комисија смета дека секоја земја членка на ЕУ треба за себе да одлучи околу оваа иницијатива.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат